За Нас

Леарница за Алуминиум и Цинк дооел - Ресен, произведува високо квалитетни алуминиумски и цинкови одливци со технологија на леење под висок притисок.

Леарница за Алуминиум и Цинк дооел Ресен, ја продолжи производната програма на фабриката за грејни тела Алгрета,и во својот програм воведе и нови типови на радијатор кои одговараат на светските стандарди за квалитет, и кои без никаков проблем може да се користат и во најголемите систенми за топловодно греење во светот, како што е примерот во Москва и останатите градови низ Русија а исто така и во нашата држава.

Фабриката располага со италијански машини за леење под притисок, топлокоморни машини од 20 до 180 t за леење на цинкови одливци и ладнокоморни машини од 180-1100 t за леење на алуминиумски одливци. Топењето на материјалот се одвива централно а се работи во зависност од потребите на купувачите со повеќе видови на алуминиумски легури.
Во склoп на леарницата постои посебен оддел опремен со машински парк за обработка и склопување на радијаторските членови, каде се врши брусење, заварување, поединеччно испитување, режење навој, монтажа и испитување на радијаторските батерии кои се прилагодуваат по спецификација на купувачите.

Процесот на производтсвто е без испуштање на отпадните води, и штетни материи по околината, преработката на отпадните води е во склоп на фабриката, каде што после обработката повторно се користи истатат преработена технолошка вода.
Фабриката истотака располага и со современа фарбара за електростатско нанесување на прашкаста боја, која како бренд е бела од типот RAL 9016.